ФудбалФутсал

ВИДЕО: Проект со 11 гола го „распадна“ Клими и се чекираше во финалето од футсал Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Новиот шампион Проект вечерва лесно се чекираше во големото финале од футсал Купот на Македонија откако со неверојатни 11:0 буквално го „збриша“ тимот на Клими од Кавадарци.

Тимот од Јосифово имаше лесна задача вечерва во Гевгелија, а гостинската екипа од Кавадарци немаше сили ниту на момент да го запре налетот на расположениот Проект кој сигурно оди кон освојување на двојната круна.

Дури четири играчи беа двојни стрелци – Мартин Тодоровски, Ѓорги Коцевски, Марио Благојевски и Трајче Димитриев, а пак по еден гол постигнаа Наум Блажевски, Димитар Јанев и Кристијан Гавровски.

Утре се игра вториот полуфинален меч меѓу Кеги Моби и Јувентус Серава, а победникот во големото финале ќе се соочи со Проект.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!