Втора женска фудбалска лигаФудбал

Службена победа за Билјанини Извори, Конзули пресилен со ОСУМ гола, Слободен го освои Радовиш

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели

Со мечевите од осмото коло започна пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, а на самиот старт еден натпревар не се одигра.

Во Охрид требаше да се одигра мечот меѓу Билјанини Извори и Порече, но тимот од Македонски Брод не допатува во Охрид, бидејќи по чекање од 30 минути не пристигна ниту еден нивен претставник, а тоа значи службена победа од 3:0 за екипата на Билјанини Извори.

Непоразениот лидер Конзули од Битола славеше убедлива победа од 0:8 над Борец во Велес, во меч каде двојни стрелци беа Мелица Милица Димитриоска и Мина Коваческа. По еден гол постигнаа Марија Стојановска, Тамара Нешковска и Сара Петровска, а пак Магдалена Ѓорѓиева си постигна автогол.

Екипата на Слободен со 2:5 славеше во Радовиш над Плачковица, што беше за очекуван овој триумф. Новото засилување Ева Андонова постигна два гола за скопскиот тим, а по еднаш погодија Михаела Симоновска, Натали Павловска и Мила Стојановска.



За домаќинот од Радовиш во 53. минута погоди Михаела Ангеловска, а во 77. минута стрелаше новото засилување Ана Димов.

Конзули е прв со 24 бодови, второ е тимот на Билјанини Извори со 16 бодови, колку што има и Порече, а пак на четвртото место е Слободен со девет бодови.

На петтото место со три бодови е Плачковица, а толку има и Борец кој е на дното.

Извесно е дека Порече ќе биде санкциониран поради неодигрувањето на мечот во Охрид, но ќе причекаме на официјална одлука на ФФМ.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!