Останато

ФОТО: ЏК Дрим Струга блесна на Државното првенство – шампионски настап со бројни медали

Сподели
Сподели

Џудо клубот Дрим од Струга имаше извонреден настап на Државното првенство кое се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, настан кој донесе врвни борби, силна конкуренција и одличен натпреварувачки дух.

Стружани уште еднаш покажаа дека располагаат со квалитетни натпреварувачи, кои со дисциплина, борбеност и шампионски менталитет оставија силен впечаток на татамито.

Во конкуренција на пионери/ки, клубот освои повеќе одличја:
Златни медали освоија Елеонора Јосифоска (-57 кг), Дариан Ночески (-42 кг), Давид Спироски (-55 кг) и Енил Ајдиноски (-66 кг).
Сребрени медали освоија Мишела Јаулевска (-63 кг), Матеј Димитроски (-42 кг), Мунир Ајдински (-50 кг) и Дамјан Пејоски (-38 кг).
Бронзени одличја освоија Софија Ноческа (-48 кг) и Даниел Јосифоски (-73 кг).

Успешни беа и сениорите, каде Анамарија Стојмиловска (-52 кг) се закити со злато, Андреј Симоноски (-81 кг) освои сребро, додека бронзени медали освоија Драгица Рафтоска (-63 кг), Амар Бајрамоски (-60 кг) и Андреј Чакаровски (-90 кг).

Овој успех е резултат на континуирана работа, посветеност и голема желба за напредок. Секој медал е потврда за вложениот труд, но и дополнителна мотивација за нови предизвици.

Од клубот упатија честитки до сите натпреварувачи за прикажаната борбеност, како и благодарност до тренерите и поддржувачите кои стојат зад нивниот развој. Настапот во Скопје е уште еден доказ дека ЏК Дрим сигурно чекори кон нови успеси.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!