Македонските фудбалски судии добија ново значајно признание на меѓународната сцена, откако ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Португалија и Шкотска до 21 година, во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Гоце Петрески и Дарко Јовчевски. Улогата на четврти судија ќе ја има Бењамин Ќерими.
Станува збор за исклучително важен натпревар во групата Б, каде Португалија е лидер со 16 бодови (пет победи и едно реми), додека Чешка и Шкотска со по 11 бодови ја делат втората позиција. Токму затоа, дуелот носи голем влог и дополнителен притисок, особено за селекциите кои се борат за врвот.
Македонските судии со нивниот нов ангажман се уште една потврда за угледот и довербата која македонските арбитри ја уживаат во рамки на УЕФА. Континуираната поддршка од Фудбалската федерација на Македонија придонесува за нивниот развој и присуство на вакви значајни натпревари на европската сцена.
Натпреварот се игра утре со почеток од 20:30 часот.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...
Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...
Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...
По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...
По пет одиграни кола, со тоа што петтата рунда не е комплетирана...
По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...