Останато

ФОТО: ПК Три дисциплини со одличен настап на Делфин Куп – медали и лични рекорди во силна конкуренција

Сподели
ФОТО: Triathlon and Swimming club 3Disciplines
Сподели

Пливачкиот клуб Три дисциплини од Струга имаше успешен настап на јубилејното 20. издание на „Делфин Куп – Скопје 2026“, кое се одржа на олимпискиот базен со учество на над 700 натпреварувачи од повеќе земји.

Во силна конкуренција, младите пливачи на клубот остварија забележителни резултати, при што речиси сите натпреварувачи успеаја да ги подобрат своите лични времиња – доказ за континуираниот напредок и квалитетна работа.

Најуспешни во редовите на клубот беа:

  • Бона Кукунешоска со три бронзени медали (100 м прсно, 50 м прсно и 50 м делфин),
  • Јован Кутаноски со две сребра (200 м делфин, 1500 м краул – апсолутна категорија) и едно бронзено одличје (100 м делфин),
  • Бисера Кутаноска со две сребрени медали (50 м прсно и 50 м делфин),
  • Дон Зиба кој освои злато на 50 м прсно и сребро на 100 м краул,
  • Девран Куртис со бронза на 200 м делфин.

Свој придонес со солидни настапи дадоа и останатите членови на тимот: Јаков Хиохи, Матеј Лазороски, Дарија Магдис, Ѓорѓи Цветаноски, Мона Кукунешоска, Горјан Шумуликоски, Петар Шикоски, Дамјан Цветаноски, Софија Кутаноска, Стефанија Кутаноска, Нарт Домазети, Керем Куртис и Игнатиј Милески.

ФОТО: Triathlon and Swimming club 3Disciplines

Настапот на Три дисциплини уште еднаш покажа дека клубот гради квалитетни пливачи и успешно се носи со силна меѓународна конкуренција, најавувајќи уште поголеми успеси во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!