Натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата во македонската ракометна Суперлига донесоа различни приказни – од драматични завршници до убедливи триумфи.
Во плеј-аутот, Тинекс Пролет со многу мака стигна до победа на гостувањето кај Радовиш (17-19). Домашните беа блиску до сензација, особено по израмнетата игра во текот на целиот меч, но во самиот финиш гостите покажаа поголема смиреност и ги освоија бодовите. Давор Палевски беше лидер кај Пролет со седум гола, додека кај Радовиш се истакна Мартин Димов.
Куманово, пак, ја искористи предноста на домашен терен и славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 31-29. Кумановци во најголем дел од мечот ја контролираа играта и заслужено стигнаа до важен триумф во битката за опстанок.
Во плеј-офот, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер демонстрираше сила на гостувањето кај Бутел, каде славеше убедливо со 25-41. Битолчани уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот, а најпрецизни беа Алем Хаџиќ и Дејан Манасков.
Сигурна победа оствари и Алкалоид, кој без поголеми проблеми го совлада Тиквеш со 40-25. Тимот предводен од Кирил Лазаров доминираше од почеток до крај, а Никола Костески беше најефикасен со осум погодоци.
Со овие резултати, фаворитите во плеј-офот ја оправдаа својата улога, додека во плеј-аутот борбата за опстанок останува неизвесна до самиот крај.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...
Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...
Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...
Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...
Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...