Кошарка

Крива Паланка го брани првото место против Бадел 1862

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Коло број 4 во делот „Оролоџо“ од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига во женска конкуренција.

Четири натпревари од кои два предизвикуваат псоебен интерес, со оглед на тоа што претставуваат пресметки на тимовите од горниот дел на табелата.

Лидерот, екипата на Крива Паланка е во улога на домаќин на средбата која ќе се игра во сабота, од 18.часот.

Пред својата публика, во салата „Бранители 2001“ девојките од Крива Паланка ќе ги одмерат силите со екипата на Бадел 1862.

Домашниот тим во обид да ја заврши челната позиција на табелата која носи предност на играње на домашен терен до крајот на шампионатот.

„Баделки“ пак во одбрана на третото место кое во вој момент го делат со екипата на Вардар.

„Вардарки“ за кратко време повторно ќе ги одмерат силите со актуелниот бранител на титулата.

Во недела, од 14.часот, Баскет кам е домаќин на дуелот кој може да донесе доста во поглед на позициите на табелата во оваа фаза од првенството.

Екипата од Македонска Каменица веќе влегува во некоја императивна форма, односно во обидите да се остане на врвот, мора да почна да победува. И нема да им биде воопшто лесно против девојките во “црвено-црна“ комбинација.



Во сабота од 16.часот, во Неготино, Спорт тим го дочекува тимот на МЗТ Бела вода, додека два часа подоцна, во Делчево, ќе играат екипите на Патриот 2016 и Пробаскет.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Поврзани написи
Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот...

Кошарка

КК Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезоната

Кошаркарскиот клуб Пелистер ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27, во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!