РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со победа над Фарски острови за успешен циклус во ЛН, Димитриевски испиша историја!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија оствари одлични резултати во најновото издание од Лигата на нации, откако со минимални 1:0 со голот на Бојан Миовски славеше над Фарски Острови.

Македонија заврши прва во групата со 16 бодови и со тоа ќе чека на исход од другите групи за бараж за следниот Мундијал

Покрај одлични резултати во ЛН, голем успех испиша и голманот Столе Димириевски, кој не прими гол на последните пет натпревари, а исто така, голманот на Валенсија не беше совладан со гол од активна игра.

Димитриевски прими само еден гол во овој циклус во ЛН, но истиот беше од белата точка во Торшван, кога Македонија старуваше со реми против „Фараните“ на првиот меч. Практично тоа значи дека Димитриевски дури 519 минути нема примено гол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 со седум гола ја „потопи“ Црна Гора за успешен квалификациски старт на турнирот во Србија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години со убедлива победа го започна настапот на квалификацискиот турнир во Србија, откако во првото коло ја...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинска комисија на ФФМ: Тримесечна суспензија за Туриманџов, казни и за Работнички и Аресими

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки за дисциплински постапки и санкции по натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања, при...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 загуби и на вториот контролен тест против Србија

Македонската репрезентација до 15 години го загуби и вториот контролен натпревар против...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Вечерва капитенот на кошаркарската репрезентација Војдан Стојановски ќе го запише својот 100 натпревар

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18:00 часот) во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал ги одбра 12 кошаркари за вечерашниот дуел против Кипар

Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави конечниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!