Кошарка

Борец и Бутел на поправен испит, водечките Соколи и Струмица по нови победи на домашен паркет

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Ко-лидерите на табелата, екипите на Соколи 1933 и Струмица 2001 во 7.коло имаат „домашни задачи“

Уште две кола до крајот на ТОП 8 фазата во Првата македонска лига, по кои ќе се дефинира конечниот изглед на табелата во оваа конкуренција.

А две екипи, Соколи 1933 и Струмица 2001, во овој момент, пред одигрувањето на 7.коло, се во минимална предност во однос на други две (Борец баскет и Бутел), кои се дел од првата „четворка“, и кои извесно, ќе играат за тоа едно место кое води во Суперлигашката конкуренција.

Седмиот круг ќе биде отворен во петок попладне, од 17.часот, кога во салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе играат екипите на Соколи 1933 и Водно санс.

Штипјани, кои се ко-лидери на табелата (скор 9-3), се во улога на фаворити, но ќе треба да ја оправдаат во текот на овие 40.минути против младиот скопски тим (учинок 2-10).



Останатите три натпревари од ова коло, се во саботните термини.

Од 17.часот ќе се одиграат два натпревари.

Првиот е во Струмица, каде во салата „Никола Карев“, Струмица 2001 (ефект 9-3) го дочекува прилепски Мега баскет (4-8), а во исто време, во Бутел гостува екипата на Охрид (3-9).

Еден час подоцна, во Велес, екипата на Борец баскет (скор 8-4) ќе бара враќање на победничките патеки во дуелот со екипата на Вардар (5-7).



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!