Прва лигаФудбал

Башкими со херојски пресврт: Од два гола негатива и играч помалку до златни три бода против Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Башкими приреди вистинска драма во Куманово и со неверојатен пресврт го совлада Шкупи со 3-2, во меч од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Иако кумановчани беа фаворити, до бодовите стигнаа на далеку потежок начин од очекуваното.

По мирното прво полувреме без погодоци, вториот дел донесе шок за домашниот тим. Шкупи за само две минути преку Зибери и Чајани обезбеди висока предност од 0-2 и најави сензација. Работите дополнително се искомплицираа за Башкими по исклучувањето на Ор, па кумановчани останаа со играч помалку.

Сепак, токму тогаш следеше целосен пресврт. Башкими заигра офанзивно и во краток период успеа да ја анулира негативата – Личина намали со глава, а веднаш потоа Ферати си постигна автогол за 2-2.

Кулминацијата дојде во самиот финиш, кога Рибеиро најдобро се снајде по центаршут и со глава го комплетираше пресвртот за голема победа од 3-2. Во судиското надополнување истиот играч погоди уште еднаш, но голот беше поништен поради офсајд.

Со овој триумф Башкими стигна до 35 бодови и прави крупен чекор кон обезбедување директен опстанок во елитата. Од друга страна, Шкупи останува закован на дното и веќе е извесно дека наредната сезона ќе настапува во Втората лига.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!