Ракомет

Ројевиќ: „Да ја одбраниме Тврдината – заедно до полуфинале“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува сериозен европски предизвик во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, каде ќе се соочат со силниот состав на Олимпијакос. Двомечот со грчкиот претставник носи можност за историски успех, но и бара максимален ангажман во сите сегменти од играта.

ФОТО: ГРК Охрид

Во таборот на Охрид владее респект кон противникот, но и јасна свест за сопствените амбиции. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави двомечот. Тој потенцира дека клучот ќе биде пристапот и комплетната игра, со оглед на квалитетот што го поседува Олимпијакос, кој според него се наоѓа на врвот на својата форма и генерациски потенцијал.

„Од овој двомеч очекуваме она што секогаш го бараме од себе – максимум во секој сегмент од играта. Сепак, свесни сме дека играме против екипата на Олимпијакос, која веројатно е на својот историски максимум. Во својот состав имаат исклучителен квалитет и искуство, со играчи кои се поранешни и актуелни репрезентативци, што доволно зборува за силата на противникот. Сигурно е дека ова е една од најсилните генерации што Олимпијакос ја имал во последната деценија.“- вели Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

И покрај тежината на предизвикот, во Охрид веруваат дека шансите постојат, особено ако одлучуваат нијанси и ако домашниот терен ја одигра својата улога. Реваншот во „Билјанини Извори“ се гледа како клучен момент, каде поддршката од трибините може да направи разлика.

„Нè очекува многу тежок предизвик, но не и невозможен. Верувам дека нијансите ќе одлучуваат и дека реваншот во „Билјанини Извори“ ќе има огромно значење. Со вистинска енергија и поддршка од трибините, во атмосфера каква што посакуваме, сè е можно, иако Олимпијакос во овој двомеч ја има улогата на фаворит. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број, да создадат амбиент по кој сме препознатливи и заедно да го браниме нашиот град и нашата Тврдина. Само заедно можеме да дојдеме до уште еден голем, историски резултат и пласман во полуфинале.“- додава српскиот стратег.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ќе ја има шансата, најпрво на гостински терен да избори активен резултат, а потоа пред својата публика да го нападне историското полуфинале во европското натпреварување.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!