ФудбалФутсал

ВИДЕО: Проект е нов шампион во Првата футсал лига на Македонија – четири гола на Горан Стојанов во Велес!

Сподели
Сподели

Екипата на Проект од валандовско Јосифово е нов шампион во Првата футсал лига на Македонија, откако вечерва со 2:6 славеше над Кеги Моби во рамки на 14. коло.

Тимот од Јосифово на четири кола до крајот и официјално е нов шампионат и по неколку години се враќа шампионската титула во витрините на Проект.

Повеќе од заслужено е овој голем успех – тимот има 14 од 14 и сега фокусот нормално останува до крај да се добијат сите натпревари за максимален учинок, а фокусот ќе биде и на Купот на Македонија, бидејќи Проект има амбиции за освојување на двојната круна.

Вечерва радовишанецот Горан Стојанов постигна четири гола во убедливата победа над велешани, а по еден гол постигнаа Наум Блажевски и Бојан Јанев. За Кеги Моби во првиот дел погоди Димче Андов, а во вториот дел Александар Михајлов.

Проект ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампиони.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на...

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Од битолско село со 290 жители до две фудбалски екипи: Ношпал ја пишува својата фудбалска приказна

Во време кога многу средини се борат да ги одржат спортските клубови во живот, едно мало село во Општина Могила покажува дека за...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!