Останато

Ален Рустемовски со бронза на Elite Montenegro Cup, повредата го спречи за финале

Сподели
Сподели

Македонскиот боксер Ален Рустемовски го освои третото место на меѓународниот турнир Elite Montenegro Cup, кој се одржа во периодот од 14 до 21 март со учество на 20 држави.

Рустемовски обезбеди бронзен медал, откако поради повреда на аркадата беше спречен да настапи во полуфиналето.

За жал, мојот настап беше прекинат поради повреда- во четвртфиналниот меч добив удар со глава и заработив сериозна расекотина на аркадата (5 цм), поради што не бев во можност да настапам во полуфиналето. Жал ми што не продолжив до финале, особено затоа што противникот од Грција веќе го имам победувано и знам дека можев да одам до крај. Но здравјето е на прво место- се враќам посилен и помотивиран. Голема благодарност до моите спонзори кои стојат зад мене и ме поддржуваат на секој чекор. Ова е само уште една лекција и чекор напред. Наскоро се враќам во рингот – изјави Рустемовски.

И покрај незгодната повреда, овој резултат претставува уште една потврда за квалитетот и потенцијалот на Рустемовски, кој продолжува да ја претставува Македонија на меѓународната сцена со голема посветеност. Очекувањата се дека по закрепнувањето ќе се врати уште посилен и ќе атакува на нови успеси и медали.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!