Екипата на Скопје однесе уште една убедлива победа и го подготвува шампањот за прослава на титулата, откако денес тимот од Пржино со 8:0 го декласираше струшки Ас Јунајтед, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига.
Сара Коларовска во 13. минута постигна гол за отварање на резулатот, потоа двојни стрелци беа Рабија Дервиши и Јована Каралиоска, а пак Ана Боризоска постигна хет-трик.
Скопје е на врвот со 54 бодови и има плус 15 во однос на Тиверија Брера која е втора, а пак Ас Јунајтед останува шести со 30 бодови.
Во следното коло лидерот Скопје ќе гостува кај Вардар, а пак Ас Јунајтед оди кај Каменица Саса.