Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бошеска и Панеска двојни стрелци – Тиверија Брера го декласираше Вардар за лото победа

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Лото победа забележа тимот на Тиверија Брера откако на домашен терен во Струмица со фантастични 7:0 го декласираше дебитантот Вардар со што струмичанки го држат второто место во Првата женска фудбалска лига.

Повеќе од очекуван беше триумфот за Тиверија Брера која важеше за апсолутен фаворит на мечот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига.

Резултатот го отвори Данче Карпузовска по две минути игра, а до крајот на првиот дел повратничката Билјана Панеска постигна два гол за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Ане Бошеска двапати ја тресеше мрежата на на гостинот од Скопје и веќе домаќинот стигна од убедлива предност од 5:0.



До крајот на мечот Розита Пецева и Теона Галабовска постигнаа погодоци за конечни 7:0.

Тиверија Брера е втора со 39 бодови, а пак Вардар делува сигурно на седмото место со 14 бодови кога е во прашање опстанокот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Савревски: „Покажавме карактер во клучните моменти“ – Охрид славеше во Автокоманда

Ракометарите на Охрид продолжија со одличните настапи и на домашната сцена, откако славеа на гостувањето кај Алкалоид со 27-26 во натпревар од плеј-офот...

Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Охрид, Стојанче Стојанов на Шкендија Арачиново и Шкендија

Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, а...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!