Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4.

Домашниот состав имаше фантастично издание и на полувреме имаше предност од 2:0 со головите на Мартин Никовиќ, а во вториот дел печат на големиот триумф за Победа ставија Иса Цанески и Даниел Карчески.

Росоман со головите на Марко Миловановиќ и Слободан Дуков славеше со 2:0 над Венец од Долни Дисан.

Башкими од Јаболчиште со 4:1 го декласираше тимот на Млекар и ја израдува домашната публика. Александар Јордановски го отвори резултатот во 6. минута за 1:0 на полувреме.

Во вториот дел следуваше израмнување откако во 52. минута Димитар Грозданоски постигна гол, но до крајот од средбата Елфати Тахири го врати водството на 2:1 во 65. минута, а пак Еди Мандак со два гола стави печат на голема победа.



Ланскиот второлигаш Големо Коњари загуби на гостување кај Бучин со резултат од 3:2. Домаќинот преку Зоран Мичрески во 15. минута прв стигна до водство, а потоа гостинот преку Владимир Зарески во 23. минута и Ерџан Ибраимоски во 55. минута дојде до предност од 1:2.

До крајот на мечот домашниот тим преку головите на Александар Србиноски и Антонио Солевски стигна до победа од 3:2.

Колото се затвара денес со останатите средби.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!