РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми за Македонија (30-30) против Австрија во пријателскиот натпревар одигран во Брегенц.

Македонската селекција имаше контрола врз резултатот во поголем дел од второто полувреме, кога стигна и до највисоки +4 (25-21), но домаќините во финишот се вратија и израмнија на 29-29. Австрија потоа и поведе, но Македонија избори пенал во последните секунди, кој Кузмановски сигурно го реализираше за конечни 30-30.

Кузмановски беше најефикасен во македонскиот состав со 10 погодоци, додека Марко Митев додаде пет. По три гола постигнаа Велковски и Николов, а по двапати во листата на стрелци се запишаа Костески и Лазаревски.

Натпреварот донесе израмнета игра од самиот почеток, со чести промени во водството. По воведните 10 минути Македонија имаше минимална предност (5-4), но Австрија возврати и во еден момент поведе со два гола разлика. Сепак, на паузата се замина со нерешен резултат (15-15).

Клучниот период за Македонија дојде во второто полувреме, кога со серија голови, предводени од Митев, Кузмановски и Костески, нашата селекција се одлепи на 24-20 во 41. минута.

Во самиот финиш, Македонија влезе со предност од 27-26, но домаќините не се предадоа. Со гол за израмнување на 29-29 во 58. минута, Никола Билик најави драматична завршница, која на крајот заврши без победник.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!