Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Тоше Манов убедливо најдобар стрелец во Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: ФК Овче Поле
Сподели

Убедливо најдобар стрелец во Третата македонска фудбалска лига – Исток по одиграни 13. коло е Тоше Манов, фудбалерот на Овче Поле постигна 15 погодоци и со тоа е убедливо им бега на останатите фудбалери кои конкурираат за најдобар стрелец во третолигашкото друштво на Истокот.

Овче Поле води борба да го обезбеди баражот за Втора лига, а за таа цел во своите редови го има најдобриот стрелец.

На второто место на листата на најдобри стрелци е Марио Атанасовски, фудбалерот на Карбинци има девет погодоци, дури шест помалку од Манов.

Најдобриот стрелец на непоразениот лидер Победа Валандово, Ристо Миленковиќ е трет најдобар стрелец со осум погодоци.

По седум гола имаат искусниот Дејан Блажевски и Димче Јовов кои го носат дресот на Хоризонт Турново и Јован Дојчинов за Брегалница Делчево.



По шест погодоци достигна имаат постигнато Никола Костадинов (Победа Валандово), Славче Митовски (Светлост Зрновци) и Адријан Спасиќ (Ударник).

Тројца фудбалери си имаат постигнато автоголови – Виктор Андреевски (Малеш), Глигор Атанасов (Тиверија) и Тоше Стојанов (Карбинци).



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и...

Останато

Сара Митевска доминираше на турнирот Скопје Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на Ј60 ИТФ турнирот Скопје опен 2026 што се играше...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Охрид, Стојанче Стојанов на Шкендија Арачиново и Шкендија

Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, а...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!