Прва лигаФудбал

Македонија ЃП по бодови за опстанок против шампионот Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска на програмата од новото 24. коло од домашниот шампионат, екипата на Македонија ЃП на свој терен на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот, Шкендија.

Екипа која што во домашниот шампионат не знае за пораз од оној зачудувачки неуспех против Арсими од 3:0 во ноември минатата година. Шампионот има амбиции и во првенството и во купот на на ривалите како Македонија ЃП е да направат се што е во нивна моќ за тој план да го расипат.

„Нормално дека Шкендија ја почитуваме и сме свесни дека овој тим е шампион. Сепак, Македонија ЃП како тим сезонава на неколку пати покажа дека може да се носи со секого па и гостувањето на Шкендија во Ѓорче Петров не претставува ништо повеќе од првенствен меч. Нам бодовите ни се неопходни тоа е и повеќе од јасно, и ќе се обидеме да стигнеме до нив. Мотивирани сме, знаеме што значи позитивен резултат против Шкендија, и ќе направиме се за да стигнеме до него“ –велат од таборот на „лавовите“.

Македонија ЃП има два порази по ред од дуелите против Башкими и Струга ТЛ. „Лавовите“ во моментов се на деветтата позиција на табелата со 23 бода само поен повеќе од Пелистер и Работнички.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!