Прва лигаФудбал

Мухарем: Бодовите се екстремно важни, одиме на победа против Силекс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Работнички е во серија од три победи на последните четири натпревари во Првата лига, со кои тимот од Дебар Маало ја врати надежта за опстанок во елитата. Но, сега треба да се продолжи напред во ист стил и да се освојуваат бодови и на претстојните мечеви во третиот, решавачки круг од првенството.

На Арената „Тодор Проески“ денеска од 14:30 часот гостува Силекс, и тоа секако ќе биде голем предизвик за составот на Муарем Муарем.

„Би сакале да продолжиме во победнички стил. Ја пронајдовме формата што ја посакувавме и ќе сториме сѐ да освоиме бодови и на денешниот натпревар со Силекс. Респект за противникот, се работи за одличен тим, но нам бодовите ни се екстремно важни и ќе дадеме и повеќе од максимум за да стигнеме до посакуваниот резултат“, вели Сухељ Мухарем, кој игра во одлична форма на последните неколку натпревари.

Натпреварот меѓу Работнички и Силекс се игра денеска, со почеток од 14:30 часот на Арената „Тодор Проески“, како дел од 24.коло во Првата фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!