Прва лигаФудбал

Тиквеш сака продолжува на победничката форма: Домашните бодови секогаш се приорите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска со дуелот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и АП Брера, стартува 24. Коло во домашниот шампионатот. Ова коло е последното пред репрезентативната пауза па секоја екипа посакува со поволен резултат да замине на истата.

Кавадарчани пролетва играат како препородени. Освоени се голем број на бодови, Тиквеш е далеку од опасната зона сега и се наоѓа на петтата позиција со 33. бода.

„Секако дека годи кога добрите резултати и игри се одразуваат на местото на табелата. Она што го планиравме и посакувавме се остварува. Тиквеш игра добро, освојува бодови кои што значат стабилен од во пролетниот дел од сезоната и најавуваат мирен финиш на истата. Денеска секако дека посакуваме уште еден поволен резултат, против квалитетната екипа на АП Брера. Домашните бодови секогаш се приорите“ – велат од Кавадарци.

Тиквеш на последните три меча забележа три победи. Поточно, пролетва на седум меча обезбедени се пет победи односно 15 бода. Загубени беа мечевите против фаворитите Шкендија односно Силекс и тоа во дуели во кои што Тиквеш и не одигра така лошо, односно немаше инфериорна улога.

Тренерот Борче Христов очигледно дека со своето искуство и квалитет одигра пресудна улога во сето ова и Тиквеш сега во мир и без страв може да собира бодови кои ќе значат дополнително искачување на табелата. Дуелот во Кавадарци стартува од 14:30 часот

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!