РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на квалификацискиот турнир во Холандија, што ќе се одржи од 23 до 31 март 2026 година.

Нашата селекција турнирот ќе го започне со дуел против Фарски Острови, по што следува натпревар против домаќинот Холандија. Во последното коло, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Молдавија.

Капинковски за овие предизвици повика комбиниран состав од домашни и интернационални фудбалери, со што јасно се гледа намерата да се создаде конкурентен тим кој ќе се бори за позитивен резултат.

На списокот се наоѓаат:

Александар Трајков, Бојан Велков, Габриел Талески, Иван Танчев и Андреј Димовски (Брера), Давид Ангелевски и Јован Мрмачоски (Пелистер), Стефан Секирски (Новаци), Кристијан Маркоски (Келн), Албан Рочи (Струга), Мухамед Мустафи (Сент Гален), Стефан Бранковски (Марибор), Антони Трајковски и Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски и Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.), Дитмир Хоџа и Лорент Жаку (Работнички), Фљори Иљази (Шкендија), Матео Ќесик (Јединство УБ) и Славчо Мисајловски (Тетекс).

Очекувањата од оваа генерација се високи, а турнирот во Холандија ќе биде вистински тест за нивниот квалитет и потенцијал на меѓународна сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ ново засилување на ГРК Охрид!

ГРК Охрид продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување на охридскиот клуб е српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ, кој...

Ракомет

Крива Паланка испиша историја: Прва шампионска титула и МВП признание за Аби Ниехуес

Женскиот кошаркарски клуб Крива Паланка ја освои првата шампионска титула во својата историја, откако во четвртиот натпревар од финалната серија славеше на гостувањето...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 16 години загуби од Косово

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го одреди тимот за Словачка: Пешевски и Галевски отпаднаа од списокот за баражот

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андора на пенали поуспешна од Македонија на турнирот во Струмица

Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!