ИнтернационалциФудбал

Несторовски продолжува со Славен Белупо: Нов договор до 2027 година

Сподели
ФОТО: NK Slaven Belupo
Сподели

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ќе остане дел од Славен Белупо и во наредниот период, откако хрватскиот клуб донесе одлука да ја продолжи соработката со искусниот голгетер.

Според информациите од хрватските медиуми, управата на клубот од Копривница решила да го задржи костурот на тимот, па покрај Несторовски, нов договор добил и неговиот соиграч Љубан Црепуља.

Овој потег јасно покажува дека клубот сака континуитет и стабилност во составот.

Новиот договор на Несторовски го врзува со Славен Белупо до јуни 2027 година, што значи дека македонскиот интернационалец ќе остане во клубот најмалку уште една сезона.

Зад него е солидна сезона во која одигра 21 натпревар во сите конкуренции, постигнувајќи шест погодоци и запишувајќи три асистенции, со што ја потврди својата важна улога во тимот.

Се очекува наскоро и официјална потврда од клубот за продолжувањето на договорите, но веќе сега е јасно дека Несторовски останува еден од клучните адути на Славен Белупо и во иднина.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!