ИнтернационалциФудбал

Како ќе изгледа Данска за бараж мечот за СП против Македонија?

Сподели
ФОТО: sempreinter
Сподели

Репрезентацијата на Данска ќе настапи со комбинација од искусни ѕвезди и млади адути на претстојниот бараж натпревар против Македонија за пласман на Светското првенство 2026, иако селекторот Брајан Ример се соочува со неколку значајни отсуства.

Данскиот стратег повика 25 фудбалери за овој исклучително важен предизвик, кој може да ја однесе селекцијата чекор поблиску до Мундијалот. Во тимот повторно главна улога ќе има Кристијан Ериксен, додека во нападот закана ќе претставува Расмус Хојлунд. Меѓу повиканите се и квалитетни имиња како Пјер-Емил Хојбјерг, Микел Дамсгард, Мортен Хјулманд, Густав Исаксен и Вилијам Осула.

Сепак, Данците ќе бидат значително ослабени, бидејќи поради повреди нема да настапат Каспер Шмајхел, Андреас Кристенсен и Доргу, додека Јоаким Андерсен отпадна поради суспензија од жолти картони. Поради тоа, на голот се очекува шанса да добие Мадс Хермансен.

Од македонска страна, селекторот Гоце Седлоски веќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за ова гостување.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија е закажан за 26 март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, каде што се очекува возбудлив и неизвесен дуел.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ ново засилување на ГРК Охрид!

ГРК Охрид продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување на охридскиот клуб е српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ, кој...

Ракомет

Крива Паланка испиша историја: Прва шампионска титула и МВП признание за Аби Ниехуес

Женскиот кошаркарски клуб Крива Паланка ја освои првата шампионска титула во својата историја, откако во четвртиот натпревар од финалната серија славеше на гостувањето...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Одредени термините за полуфиналните натпревари во младинскиот Куп

Оваа недела ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија во младинска...

Втора лигаФудбал

Прилепчани во дербито за Прва лига: Големо ривалство на теренот, уште поголема почит надвор од него

Дерби пресметката меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во рамки на 28. коло...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Каков зицер одбрани голманот Дејан Силјановски против Башкими!

Натпреварот меѓу Арсими и Башкими од 31. коло на Првата лига заврши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!