ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави Спортска Мрежа.

Како што претходно објавивме, ќе ги следиме сите натпревари на „рибарите“. Лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод, а боите на ГФК Охрид Лихнидос ги бранат Иван Иванов – државен шампион во eFootball во Македонија, играч кој потекнува од Радовиш, како и Марко Дринаковиќ, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ.

Вечерва во рамки на првото коло тимот на Охриѓани одиграа 0:0 против црногорскиот тим Будуќност, меч кој понуди многу шанси на двете страни, неизвесности, но мрежите останаа мирни во текот на сите 90 минути.

Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал.

  • ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ТАБЕЛАТА ПО ПРВОТО КОЛО:

 



Првото коло донесе исклучително квалитетни натпревари, пресврти и многу погодоци, Партизан стигна до голема победа откако ја доби голеадата со Тим Инсајдерс. По првото коло на дното е Тиквеш од Кавадарци.

Во следното коло Охрид ќе игра токму против Тиквеш – тоа ќе биде македонско дерби каде и двете екипи ќе ја бараат првата победа, а „рибарите“ ќе бидат фаворити.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!