Втора лигаФудбал

ГФК Вардар Неготино закажа Годишно собрание: Отчет на новата управа, поканета и старата управа

Сподели
Сподели

Второлигашот Вардар Неготино кој „виси на конец“ да испадне директно во Трета лига за следната сезона закажа Годишно собрание за среда (18 март) со почеток од 18:30 часот во салата на општина Неготино.

Како што е истакнато во соопштението на второлигашот од Неготино дневниот ред е составен од четири точки, отчет за сработеното на новата управа, а поканета е и старата управа.

Од клубот посочуваат дека е поканета навивачката група „Винари“, спортски работници, поранешни фудбалери, како и директори и управители на фирми, активни фудбалер, но и сите граѓани на општина Неготино.

„ ГФК Вардар Неготино за среда (18 март 2026 година) со почеток од 18:30 часот во салата на општина Неготино, ќе организира собир (Годишно собрание).

Дневен ред:

1. Отчет за сработеното на Новата Управа за период од 07/08 2025 година до 12-2025 година.

2. Запознавање на јавноста со затекнатата состојба во ГФК Вардар како резултат од работата на претходната управа.

3. Заедничко планирање и остварување на цели за во иднина.

4. Разно.

Се замолуваат сите граѓани на општина Неготино, спортски работници, поранешни фудбалери, навивачката група – Винари Неготино (12 играч), директори и управители на фирми, претходна управа на ГФК Вардар (која е уредно – поединечно писмено) поканета и сите активни фудбалери да присуствуваат за доброто на Вардар Неготино“, се вели во соопштението од неготинскиот второлигаш.

Вардар Неготино по 20 одиграни кола е на 12. место со 15 бодови, од бараж зоната односно од 11. место каде што е Каменица Саса има девет бода негатива, бидејќи „рударите“ имаат 24 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!