Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција, по пауза од 15 години, повторно ќе се одржи во главниот град. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија одлучи завршниот турнир да се игра од 26 до 28 март 2026 година во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Федерацијата ја продолжува традицијата најдобрите четири екипи во куп-натпреварувањето, и во машка и во женска конкуренција, преку тридневна програма да се борат за првите трофеи во сезоната.

Во машка конкуренција на завршниот турнир ќе настапат истите екипи како и минатата сезона – бранителот на трофејот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица 47&72, како и ГОК Борец и Работнички 71&22.

Кај дамите, пак, Наковски Волеј ќе ја брани титулата против предизвикувачите Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј. За овие три екипи ова ќе биде историски настап, бидејќи за првпат ќе учествуваат на Ф4 турнир во Купот.

Во договор со медиумскиот партнер, Македонската радиотелевизија, која ќе врши директен пренос на сите натпревари, утврден е и распоредот на одигрување. На 26 март ќе се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција со почеток од 17:30 и 19:30 часот. Ден подоцна, во истите термини, ќе се одиграат полуфиналните средби кај мажите.

Големото финале е закажано за 28 март, кога најпрво ќе се игра финалето во женска конкуренција од 17:30 часот, а потоа и машкото финале од 19:30 часот.

Ждрепката за полуфиналните парови во двете конкуренции е предвидено да се одржи следната седмица во присуство на претставници од екипите учеснички. Датумот, времето и местото на ждрепката дополнително ќе ги потврди Комесарот за натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лога: Максимално сме подготвени за три бода против Могила, сакаме шампионска титула и влез во Втора лига

Утре се игра големото дерби во Трета лига – Југозапад меѓу лидерот Влазними и второпласираната Могила, дерби кое ќе решава многу работи за...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Тиверија и Саса, Истатов на Пржино го чека Љуботен

Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а кои соочувања ќе решаваат за второто место на табелата. Во Струмица...

Поврзани написи
Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар...

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!