Останато

Радовишанецот Мирко Василев во полуфинале на Светскиот куп во Италија

Сподели
Сподели

Младиот борец Мирко Василев од радовишкиот клуб Мај Тај Адреналин оствари значајна победа на Светскиот куп во Италија, кој се одржува под организација на WAKO федерацијата.

Василев настапува во дисциплината К1 во категоријата до 71 килограм и во својот настап беше убедлив против противникот од Австрија, Перо Челебиќ. Радовишанецот славеше со чиста победа од 3-0 поени, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на ова престижно натпреварување.

Мирко Василев важи за еден од најперспективните млади борци од Радовиш и член на клубот Мај Тај Адреналин, каде со години посветено работи и постигнува значајни резултати на домашната и меѓународната сцена.

Денеска радовишкиот борец го очекува полуфиналниот дуел против претставник од Германија, во борба за место во големото финале на Светскиот куп.

Настапот на Василев претставува уште една потврда за квалитетната работа во радовишкиот клуб Мај Тај Адреналин и за талентот на младите борци кои доаѓаат од овој град.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар...

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!