РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалерите до 16 години поуспешни од Летонија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во првиот од двата контролни натпревари што се играат во Скопје, македонската репрезентација до 16 години ја совлада Летонија со 2:1.

Избраниците на селекторот Иљами Исејни уште од самиот почеток тргнаа офанзивно кон голот на противникот и по неколку можности за погодок, во 18. минута Медин Емини по асистенција на Адријан Велески успеа да го совлада противничкиот голман и да и донесе предност на Македонија од 1:0.

И во продолжението нашите надежи имаа шанса да го зголемат водството, но ударот на Марин Крстевски заврши во голманот на Летонците, Хуго Вилкинс.

Во 21. минута од средбата Летонија ја искористи единствената можност и преку Хенријс Хотомс израмни на 1:1.

До крајот на првото полувреме Александар Полимац имаше шанса за погодок, но неговиот обид беше изблокиран.



Македонија и во второто полувреме продолжи со доминација на теренот, најсериозните можности за гол ги имаа Стефан Ристиќ и Велески, кој во 89. минута по асистенција на Полимац со прекрасен удар го совлада Вилкинс.

Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе одигра уште еден контролен натпревар со Летонија, кој е на програмата в петок со почеток во 13 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Јован Трајков поднесе оставка, Еуромилк ГЛ ќе бара нов тренер

Пред стартот на шестото коло на Втората македонска фудбалска лига, Еуромилк ГЛ остана без тренер, откако Јован Трајков поднесе оставка, со што „лисиците“...

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Деспотовски: Покажаа потенцијал, ова треба да им биде мотив за уште повеќе тренинг и подобри резултати

Македонскиот национален тим го заврши својот настап на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!