ФудбалФутсал

ВИДЕО: Лидерот Железарец го совлада Кратово, минимален пораз на Овче Поле

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Лидерот Жезаларец го совлада незгодниот Кратово, со што успеа да ги освои трите бодови, откако го доби со 3:2 на домашен терен, во рамки на 13. коло на Втората футсал лига.

Поранешниот шампион на Македонија кој сака експресно враќање во Прва лига, преку Роберт Илиевски во 11. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во 17. минута гостинот израмни на 1:1 преку Давид Стојановски.

Во вториот дел Петре Даиловски постигна гол за ново водство на Железарец во 24. минута (2:1). На пет минути пред крајот на мечот Мартин Калчев постигна гол за 3:1. Сепак, во самиот финиш гостинот собра сили само за ублажување на поразот на конечни 3:2 преку гол на Бобан Начковски.

Минимален пораз за Овче Поле, откако поранешниот прволигаш загуби на домашен терен со резултат од 1:2 од екипата на ССК Скопје.

Стрелец на двата гола за гостинскиот тим кој му донесоа три бода беше Несим Сулејман, за домаќинот единствен стрелец беше Икица Јованов.



Ланскиот прволигаш Црна Река на домашен терен со 7:3 го декласираше тимот на Конзули од Битола. Тони Гацев и Стојан Петковски беа двојни стрелци за кавадаречкиот тим,а по еден гол постигнаа Антонио Јанев и Димитар Чоков, додека пак Арион Сулемановски си постигна автогол.

Но, автогол имаше и на спротивната страна, Дарко Темелков ја погоди сопствената мрежа, а пак Виктор Гелевски двоен стрелец за тимот од Битола.

Колото беше отворено со победите на Партизан Југ и СЕЕ Университи, извештајот на Спортска Мрежа за овие два меча е достапен овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Јован Трајков поднесе оставка, Еуромилк ГЛ ќе бара нов тренер

Пред стартот на шестото коло на Втората македонска фудбалска лига, Еуромилк ГЛ остана без тренер, откако Јован Трајков поднесе оставка, со што „лисиците“...

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Јован Трајков поднесе оставка, Еуромилк ГЛ ќе бара нов тренер

Пред стартот на шестото коло на Втората македонска фудбалска лига, Еуромилк ГЛ...

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!