Екипата на Тиверија Брера ја забележа највисоката победа во рамки на 17. коло на Првата женска фудбалска лига, откако со 0:6 над „фенерџијата“ Кочани на гостински терен.
Повеќе од јасно беше дека ова ќе биде само рутинска победа за тимот на Славе Велков. Данче Карпузовска и Теона Галабовска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа новото засилување Никца Трендова и Билјана Панеска.
Лесна победа имаше и тимот на Каменица Саса, откако „рударите“ на домашен терен со 5:0 го декласираа тимот на Топ Гол од Битола. По два погодоци постигнаа Драгана Костова и капитенот Ана Димитровска, а еден гол постигна Јована Петрушовска.
Во дербито на Пржино подобра беше екипата на Скопје која со 0:3 славеше над Истатов. Рабија Дервиши постигна два гола, а пак еден гол беше дело на Емили Митковска.
Вардар го доби соочување со Речица откако на домашен терен девојките на Теодора Димитровска со 3:1 запишаа триумф со кој се сигурни на седмата позиција.
По само четири минути игра резултатот го отвори Ивана Милевска за водство на Вардар од 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел гостинскиот тим преку Анѓела Петковска израмни на 1:1.
Домашниот тим до крајот постигна уште два гола преку Јелена Радичевиќ во 71. минута и Љубица Асановиќ две минути подоцна за конечните 3:1.
Мечот во Струга меѓу Ас Јунајтед и шампионот Љуботен не се доигра, откако тетовскиот тим во 74. минута при 0:0 го напушти мечот, откако претходно на Љуботен му беа поништени два гола.
Ќе следува дополнителен извештај за тој меч, работа ќе има и натпреварувачката женска комисија, а потоа работа може да има и дисциплинската комисија. Повеќе за тој меч можете да прочитате овде.