Ракомет

Охрид пред голем предизвик: Алкалоид гостува во „Билјанини извори“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По обврските во Купот на Македонија, ракометната сезона продолжува со нови возбудувања во Супер Лигата. Викендов, на програмата е второто коло од плеј-офот, во кое ГРК Охрид на домашен терен ќе ја пречека екипата на Алкалоид.

Охриѓани ги насочуваат мислите кон првенствените обврски и важниот предизвик што ги очекува во „Билјанини извори“. Дуелот со Алкалоид доаѓа во рана фаза од плеј-офот, но за домашниот состав може да биде еден од клучните натпревари во борбата за посакуваната позиција на табелата.

Составот на Охрид ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и поддршката од трибините за да стигне до важни бодови против силниот ривал од Скопје.

Во пресрет на натпреварот, десниот бек на Охрид- Томислав Јагуриноски очекува тежок и неизвесен дуел, но верува дека тимот ќе го даде максимумот за да ги задржи бодовите дома.

„Во сабота нè очекува тежок и важен меч на домашен терен. Ќе го дадеме нашиот максимум да ги задржиме двата бода и се надеваме на полна сала и голема поддршка.“- изјави Јагуриноски.

ФОТО: ГРК Охрид

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Алкалоид се игра во сабота (14 март) во салата „Билјанини извори“ со почеток од 18:00 часот. Влезот за публиката е слободен, а мечот ќе има и хуманитарен карактер – во салата ќе бидат поставени кутии за донации за лекување на десетгодишната охриѓанка Ева.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Јуниор славеше над Победа од Тромеѓа во меч со пет гола

На воведниот меч за отварање на 2. коло на Трета лига регион 2 екипата на Јуниор од Доброшане славеше над Победа во Тромеѓа...

Трета лигаФудбал

Нов пораз за Преспа: Крошу Спорт го совлада ланскиот второлигаш од Ресен

Екипата на Крошу Спорт стигна до победата сезонска победа во Трета лига регион 5 откако на воведниот меч од второто коло со 2:1...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло...

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!