Ракомет

Вардар вечерва ја брка првата позиција во групата од Лигата на Европа

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го одиграат последниот натпревар од главната рунда во Лигата на Европа, во кој ќе се соочат со германски Мелсунген. „Црвено-црните“ веќе имаат обезбедено место во елиминациската фаза, но пред нив стои можност и за директен пласман во четвртфиналето.

Македонскиот вицепрвак во моментов го има загарантирано најмалку второто место во групата, што носи настап во осминафиналето. Сепак, тимот има шанса да заврши и на врвот, позиција што обезбедува директен билет меѓу осумте најдобри во натпреварувањето.

Во пресрет на последниот дуел, вардарци имаат и мала предност – реми против германскиот состав ќе биде доволно за да ја задржат првата позиција, со оглед на тоа што славеа на првиот меѓусебен натпревар со Мелсунген.

Тренерот Иван Чупиќ за гостувањето во Германија ќе може да смета на речиси комплетен состав, иако веќе викендов Вардар го очекува уште еден важен предизвик на домашната сцена – дерби гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола.

Исто така, и тренерот Роберто Гарсија Парондо ќе ги има на располагање играчите кои претходно паузираа поради повреди, па се очекува интересна и неизвесна пресметка.

За вардарци задачата е јасна – позитивен резултат против Мелсунген значи прво место во групата и директен пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Бронза за Милев во Унгарија, Љафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато со своите клубови

Искусниот македонски репрезентативец и интернационалец Владо Милев и неговата Казинбарчика ја затворија сезоната во унгарското првенство со бронзен медал, односно како трет тим...

Кошарка

Маџари со историска победа во плеј-офот: Триумф над ТФТ по продолжение за водство од 1-0

Екипата на Маџари продолжува да биде најпријатното изненадување во сезоната, откако славеше на гостувањето кај ТФТ со 84:82 по продолжение, во првиот натпревар...

Поврзани написи
Ракомет

Монпелје со голема предност, Вардар по сензација во „Јане Сандански“

Во фокусот на ракометната јавност вечерва ќе биде реванш-средбата од четвртфиналето во...

Ракомет

Трофејот ќе се дели во Охрид – познати термините за финалето во ЕХФ Купот!

Охрид ќе има шанса пред својата публика да се бори за европскиот...

Ракомет

Младост со историска офанзива: 60 голови за убедлива победа, мечот во знак на хуманост за малата Ника

Екипата на Младост одигра натпревар за паметење во 24. коло од Првата...

Ракомет

Охрид носи големо европско засилување – пристигнува поранешен играч на ПСЖ!

Охрид продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а по доаѓањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!