Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Александар Ашаданов: Младите кошаркарки се иднината на македонската женска кошарка

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Пред женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија претстои вториот квалификациски ФИБА „прозорец“, во кој ќе се одлучува кои три селекции ќе продолжат во следната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Во период од само седум дена, македонските кошаркарки ќе одиграат три натпревари во рамките на квалификациската група „Ф“. Првиот предизвик е гостувањето во Копенхаген против селекцијата на Данска. Три дена подоцна следува ново гостување, овојпат во Солун, каде на 14 март Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Грција. Квалификацискиот прозорец ќе биде затворен на 17 март со дуел против Хрватска, кој ќе се одигра пред домашната публика во салата „Градски парк“ во Скопје.

Селекторот на националниот тим,  Александар Ашаданов, истакна дека овој квалификациски циклус носи нова енергија, но и значителни промени во составот.

„Следува вториот дел од квалификациите за Европското првенство. Повторно играме со истите три селекции, но по обратен редослед – гостуваме кај Данска и Грција, а на домашен терен ја пречекуваме Хрватска. За разлика од претходниот циклус, сега имаме доста подмладен состав. Неколку поискусни кошаркарки се повлекоа од репрезентацијата, па шансата сега ја добиваат младите играчи“, изјави Ашаданов.

Во актуелниот ростер има и нови имиња, меѓу кои Дора Алексова и Вања Милосављевиќ, како и повратничката во националниот тим Михаелла Алексовска. Поради подмладувањето на екипата, резултатскиот притисок не е во прв план.

„Очекувам пред сè да го дадеме максимумот на секој натпревар. Да покажеме борбеност, а ако ни се укаже шанса за добар резултат, секако ќе се обидеме да ја искористиме. Како спортски работник никогаш не се откажувам од победите и секогаш сакам да победувам, без разлика дали играме против Грција, Хрватска или некој друг противник. Но реалноста е дека имаме млада репрезентација и треба да им дадеме простор на овие девојки да се развиваат“, додаде селекторот.

Тој упати и порака за поддршка кон младите кошаркарки, нагласувајќи дека токму тие треба да ја градат иднината на македонската женска кошарка.

„Ова се млади девојки и јас целосно ги охрабрувам. Се надевам дека поддршка ќе добијат и од целата наша нација, затоа што тие се иднината на македонската женска кошарка во наредните години“, порача Ашаданов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација денеска го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Таневски го објави списокот на играчи за завршните натпревари со Црна Гора и Шведска

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!