Ракомет

ФОТО: Охрид го декласираше Куманово и обезбеди Ф4 во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид лесно и експресно го заверија билетот за завршниот турнир од Купот на Македонија, откако во финалето н групата В со убедливи 35:15 го декласираа Куманово.

Повеќе од јасно беше дека Охрид без конкуренција лесно ќе ги добие двата натпревари и со тоа лесно ќе обезбеди место на Ф4 во Купот.

Охриѓани беа домаќини во групата В каде во првиот меч екипата на Охрид славеше со убедливи 42:25 над Тиквеш, а пак во вториот меч тимот на Куманово со 29:25 славеше над Младост. Во финалниот меч Охрид само на рутина го доби Куманово.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во однос на финалниот меч од групата В екипата на Охрид на полувреме имаше 16:8, а самиот меч беше како тренинг натпревар.



Кај Охрид со шест гола прво име беше Никола Ристески, додека пак кај гостите шест гола имаше Александар Стојков.

ФОТО: Спортска Мрежа

Место на Ф4 покрај Охрид претходно обезбедија Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!