Трета лигаФудбал

Брегалница Делчево го „тресна“ залетаниот Ударник, Руни погоди против Дојранско Езеро – три бода за Турново

Сподели
Сподели

Со неколку интересни натпревари започна пролетниот дел од сезоната во Третата лига – Исток, каде што не изостанаа и изненадувања.

Најголемото се случи во Делчево, каде Брегалница го совлада амбициозниот Ударник од Пирава со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Максим Смилков во 24. минута, што се покажа како доволно за голема победа на домашниот тим. Со овој пораз Ударник, кој има амбиции за првото место и бараж за Втора лига, неуспешно го отвори пролетниот дел од шампионатот.

Сигурна победа забележа Овче Поле, на гостувањето во Струмица ја совлада Тиверија со убедливи 0:3. Новото засилување Давид Велковски го отвори резултатот во 33. минута, па гостите на полувреме заминаа со минимална предност. Во вториот дел Тоше Манов зголеми на 0:2 во 58. минута, а конечните 0:3 ги постави Матеј Славевски десет минути подоцна на теренот со вештачка трева во Струмица.

Победа на стартот од пролетта оствари и поранешниот прволигаш Хоризонт Турново, кој на стадионот „Кукуш“ славеше против Дојранско Езеро со 2:0. Гостите долго време успешно се бранеа, но отпорот беше скршен во 78. минута кога Петар Илиев – Руни погоди против својот поранешен клуб за водство од 1:0. Само три минути подоцна искусниот Дејан Блажевски го постави конечниот резултат.



Во рамките на 12. коло слободни беа екипите на Победа Валандово, Карбинци и Малеш.

Во меѓувреме, како што претходно ексклузивно објави Спортска Мрежа, екипите на Светлост од Зрновци и Рудар од Пробиштип се повлекоа од натпреварувањето, додека пред почетокот на сезоната ниту Вардарски од Богданци не пријави учество, откако минатата сезона испадна од Втората лига.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!