Кошарка

МЗТ го доби дербито со Пелистер, ТФТ сигурен против Ангели, Тиквеш со важна гостинска победа

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Натпреварите од 17. коло во МТЕЛ Супер лигата донесоа интересни дуели и важни бодови во битката за врвот, но и за опстанок во елитното друштво. Победи остварија МЗТ Скопје Аеродром, ТФТ и Тиквеш Голден Игл.

Дербито на колото во СЦ „Јане Сандански“ му припадна на МЗТ Скопје Аеродром, кој го совлада Пелистер со 87:73. Дуелот долго време беше резултатски израмнет, а на полувремето домашниот тим имаше минимална предност од 42:41. Пелистер во третиот период накратко поведе со шест поени разлика, но „металците“ брзо се вратија во игра и во последната четвртина со серија поени го скршија отпорот на гостите. Најефикасен кај МЗТ беше МекКејден со 23 поени, додека Смит Мексвејн постигна 16, а Гил 15. Кај Пелистер се истакна Вилсон со 17 поени.

Лидерот на табелата, ТФТ, без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Ангели со убедливи 95:66. Домашниот тим парираше само во првата четвртина, но по паузата кошаркарите на ТФТ ја презедоа целосната контрола и со серија поени во третиот период ја обезбедија победата. Виктор Ташовски беше најдобар стрелец со 23 поени, додека Стојаноски запиша „дабл-дабл“ со 14 поени и 12 скока.



Важни бодови во борбата за опстанок освои и Тиквеш Голден Игл, кој како гостин го победи Феникс 2010 со 87:76. Клучниот момент се случи во третата четвртина кога кавадарчани направија одлична серија од 25:10 и создадоа двоцифрена предност. Иако Феникс се обиде да се врати во последниот период, гостите ја задржаа контролата и дојдоа до седмата победа во сезоната. Најефикасен кај Тиквеш беше Глигоријевиќ со 22 поени и 17 скока, додека Минси постигна 20, а Парсонс 19 поени.

Со овие резултати продолжува неизвесната битка и на врвот и во долниот дел од табелата во МТЕЛ Супер лигата.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши Македонија ЃП и Работнички, каде гостинот со голот на Андреј Кудијан...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Поврзани написи
Кошарка

Куманово шампион на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, Стојан Ѓуроски МВП

МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“,...

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!