Ракомет

Ѓорѓески: „Имаме реални шанси за освојување на Купот оваа сезона“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид направија голем чекор кон пласманот на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако во полуфиналето од групата В убедливо го совладаа Тиквеш со 42-25.

Охриѓани уште од самиот старт го наметнаа ритамот и со серија од 6-0 најавија дека ќе имаат контрола над натпреварот. Тајм-аутот на гостите во петтата минута не донесе промена, па предноста на домашниот тим продолжи да расте. Во 24. минута Охрид за првпат стигна до двоцифрена разлика (19-9), а на паузата замина со убедливи 23-12.

Во нападот се истакна Џанфранко Прибетиќ, кој со девет гола од единаесет обиди беше најефикасен кај домаќините вечерва, додека Стефан Петриќ додаде седум погодоци.

Солиден меѓу стативите беше и голманот Даниел Ѓорѓески, кој натпреварот го заврши со осум одбрани и даде важен придонес во убедливата победа.

По натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, Ѓорѓески оцени дека Охрид одиграл квалитетен меч, кој практично бил решен уште во првото полувреме, а сега фокусот е насочен кон следниот дуел од групната фаза и обезбедување место на завршниот турнир.

„Мислам дека одигравме добар натпревар, кој го отворивме одлично, всушност имавме контрола над целиот меч. Мислам дека победникот се реши уште во првото полувреме, имавме 12 голови предност, па така, потоа рутински одработивме до самиот крај на мечот. Сега ни останува уште вториот меч од групната фаза на Купот, го чекаме победникот од вториот меч во недела, да видиме против кого ќе играме, па да успееме да се пласираме на Ф4, каде сметам дека и ние, и Пелистер, и Вардар и Алкалоид сме тука некаде, и сите имаме еднакви шанси во борбата за титулата. Исто така, сметам дека ние имаме реални шанси за освојување на Купот оваа сезона“, изјави голманот за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Во второто полуфинале од групата ќе се сретнат Куманово и Младост, но по убедливата победа над Тиквеш, „гладијаторите“ се на чекор до очекуваниот пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!