Ракомет

ФОТО: Охрид убедливо против Тиквеш – „гладијаторите“ чекор поблиску до Ф4 во Купот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид остварија убедлива победа над Тиквеш со 42-25 и направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Домашниот тим одигра одличен натпревар пред својата публика и уште на самиот почеток ја презеде контролата. Охрид отвори фуриозно со серија од 6-0 во првите минути, со што јасно најави дека ќе доминира на средбата. Предноста постојано растеше, па до крајот на првото полувреме „гладијаторите“ веќе имаа убедливи 23-12.

Во второто полувреме разликата дополнително се зголемуваше, а гостите од Кавадарци не успеаја да најдат решение за расположениот домаќин. Охрид рутински ја одржуваше предноста и на крајот славеше со високи 42-25.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасен во победничкиот состав беше Џанфранко Прибетиќ со девет погодоци, додека Стефан Петриќ постигна седум. Кај Тиквеш најпрецизен беше Димитар Коцев со пет гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Вториот полуфинален дуел од групата ќе се одигра во недела, кога силите ќе ги одмерат Куманово и Младост, по што ќе биде познат и противникот на Охрид во борбата за пласман на Ф4 турнирот.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Прилеп живее за фудбалот, ГФК Победа со ДЕСЕТ гола го „уништи“ Влазними Јуниор

Прилеп дефинитивно е најфудбалскиот град во Македонија, ГФК Победа пред полна трибина на која немаше каде игла на падне славеше со 10:0 над...

Ракомет

ФОТО + ВИДЕО: „Млаз“ ја оживеа европската ракометна приказна: Вардар гостуваше во Богданци, Младост му врачи благодарница

Некои спортски натпревари се повеќе од само 60 минути ракомет. Некои вечери будат спомени, враќаат фотографии од едно друго време и потсетуваат на...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло...

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!