Утре со седум натпревари ќе биде отворено 19. коло на Втора лига, а ќе се затвори в недела со мечот меѓу Големо Коњари и Шкендија Арачиново.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите во второлигашкиот шампионат.
Ндерим Тефику ќе биде главен судија во Виница каде ќе играат Слога и Тетекс, а ќе му помагаат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а четврт судија ќе биде Никола Петковски.
Делегат на овој меч ќе биде Александар Митев, а контролор Винко Смокварски.
Дербито на Истокот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Беласица ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а негови асистенти ќе бидат Давор Дишлиевски и Ване Данилов, додека пак Дарко Стојанов ќе биде четврт судија.
Хајро Бабачиќ ќе биде делегат на оваа средба, а контролор ќе биде Васил Аџиев.
Во Автокоманда ќе се одигра мечот меѓу Скопје и Осогово, каде за правдата ќе биде задолжен Доне Ристовски, а негови асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а пак четврт судија ќе биде Јордан Јовановски.
Арменд Дестани ќе биде делегат на овој меч, а пак контролор ќе биде Бранко Величковски.
Натпреварот меѓу Охрид и Победа на „Билјанини Извори“ ќе го суди Владимир Ѓорѓиевски, негови асистенти ќе бидат Петар Степановски и Дарко Василевски, а пак четврт судија ќе биде Дарко Котевски.
Фатмир Салаи на овој меч ќе биде делегат, а пак Раско Мишкоски ќе биде контролор.
Борче Павловиќ ќе патува во Ресен каде ќе им суди на Преспа и Кожуф, а ќе му асистираат Горан Милошевски и Стефан Стојановски, а пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.
Слаѓан Божиновски ќе биде делегат на овој меч, а контролор ќе биде Петар Мантев.
Натпреварот во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Вардар Неготино ќе го суди Бењамин Ќерими, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Шенол Шаботиќ, а четврт судија ќе биде Спире Арсов.
Делегат на овој меч ќе биде Благојче Тодоровски, а пак Сашо Иванов ќе биде контролор.
Дербито меѓу Новаци и Брегалница го доби Стојанче Трпчевски, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија.
Никола Мицановски ќе биде делегат на овој натпревар, додека пак контролор ќе биде Сашко Ангелов.
Колото се затвара утре со мечот меѓу Големо Коњари и Шкендија Арачиново, а овде правдата ќе ја дели Александар Грујоски, а ќе му помагаат Зоран Јанкулоски и Давор Цветаноски, додека пак Бенарт Зеќири ќе биде четврт судија.
Горан Илиќ на овој меч ќе биде делегат, а контролор ќе биде Томислав Тимовски.