Ракомет

Еурофарм Пелистер по победа над Прилеп обезбеди пласман на Ф4 во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се пласираа на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако во финалето од четвртфиналната група славеа против Прилеп со 30-28 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Прилепчани повторно покажаа дека се незгоден противник и долго време му парираа на актуелниот шампион. Во првото полувреме се играше израмнет ракомет, па на паузата резултатот беше 14-14.

Клучниот момент на натпреварот се случи на почетокот од вториот дел кога битолскиот тим направи серија од неколку погодоци и успеа да се одлепи резултатски. Иако Прилеп се обидуваше да се врати во игра, Еурофарм Пелистер ја задржа предноста и на крајот ја обезбеди победата.

Во редовите на битолчани најрасположени беа Андреј Видомски и Петар Атанасијевиќ, додека кај гостите од Прилеп најпрецизен беше Денис Шабановиќ.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер стана првиот тим што обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија, каде ќе се бори за освојување на трофејот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Прилеп живее за фудбалот, ГФК Победа со ДЕСЕТ гола го „уништи“ Влазними Јуниор

Прилеп дефинитивно е најфудбалскиот град во Македонија, ГФК Победа пред полна трибина на која немаше каде игла на падне славеше со 10:0 над...

Ракомет

ФОТО + ВИДЕО: „Млаз“ ја оживеа европската ракометна приказна: Вардар гостуваше во Богданци, Младост му врачи благодарница

Некои спортски натпревари се повеќе од само 60 минути ракомет. Некои вечери будат спомени, враќаат фотографии од едно друго време и потсетуваат на...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло...

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!