ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Бехар Фета го урна лидерот Целје – гол за победа на Алуминиј

Сподели
ФОТО: NK Aluminij
Сподели

Македонскиот интернационалец Бехар Фета продолжува со одличните настапи во Словенија, откако денеска со својот погодок му донесе победа на Алуминиј од 2:1 против лидерот Целје на домашен терен.

Фета игра во одлична форма во словенечкиот шампионат, а овој гол со кој обезбеди три бода за својот тим е уште една потврда за квалитетот на 22-годишниот фудбалер, поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Ова е деветта победа за тимот на Алуминиј во сезоната, кој сега се наоѓа на седмото место на табелата со 31 бод. Во следното коло Алуминиј ќе го пречека Копер на домашен терен, во уште еден дерби натпревар против третопласираниот тим на табелата.

Целје, пак, го забележа вториот пораз во низа, но и натаму останува лидер со 50 бодови.



Инаку, како што претходно објави Спортска Мрежа, според информации до кои дојдовме, одличната форма на Фета го привлекува интересот на Џенова и Динамо Загреб, па можно е младиот фудбалер на лето да ја промени средината.

Фета кариерата ја започна во Фортуна, а потоа настапуваше за Њу Старс и Шкендија од Тетово. Потоа се пресели во охридска Воска Спорт, од каде го реализираше својот прв интернационален трансфер, по успехот со тимот да обезбеди пласман од Втора во Прва македонска фудбалска лига, каде беше и убедливо најдобар стрелец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!