Втора лигаФудбал

Кои се најдобри стрелци во Втора лига?

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

По 18 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, продолжува неизвесноста за тоа кој да биде најдобар стрелец.

На врвот се двајца фудбалери со по 13 погодоци – Иван Глигоров од Охрид и Виктор Ангелов од екипата на Скопје.

Фудбалерот на Новаци, Стефан Јовановски постигна 12 гола, а со по 11 гола се Сашо Дуков од Детонит Плачковица и Андреј Симевски од екипата на Каменица Саса.

Но, Симевски ќе застане на овие 11 гола, бидејќи ја напушти екипата од Македонска Каменица и се одлучи за странски предизвик.

Бојан Спиркоски постигна десет погодоци за Беласица, сите во есенскиот дел и ќе застане на оваа бројка, бидејќи ја напушти Беласица и ВМФЛ.

По девет погодоци, а по 18 кола се Азис Јамини од Тетекс и Тони Мичковски од Детонит Плачковица, со тоа што треба да се истакна дека Мичковски дел од погодоците ги постигна за Каменица Саса во есенскиот дел, од каде се врати во радовишкиот второлигаш.



Антонио Каланоски од Охрид и Фикрет Љиварека имаат по осум гола, а со по шест гола се Армир Иса од Скопје, Веби Ислами (Кожуф), Аљбан Мемеди (Кожуф / Брегалница), Александар Милушев (Беласица) и Даријан Тасев (Брегалница).

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!