Ракомет

Продолжена „Платформата за ракометна Битола“!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометот во Битола доби нов импулс и сигурност за иднината. Акционерите во проектот „Платформата за ракометна Битола“ – Општина Битола и компанијата Еурофарм – официјално ја продолжија соработката, потпишувајќи го третиот договор во рамките на оваа стратешка иницијатива.

Во спортската сала Боро Чурлевски, симболот на битолскиот ракомет, своите потписи ги ставија градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на клубот и на компанијата, Зоран Стерјев. Со оглед на тоа што актуелниот договор истекува со крајот на сезоната, новото потпишување значи обезбеден буџет, организациска стабилност и можност за дополнително јакнење на тимот во наредниот период.

Со овој чекор, раководството испрати јасна порака дека амбициите остануваат високи – континуитет, резултати и борба за трофеи. Поддршката од локалната самоуправа и бизнис-заедницата повторно се покажува како клучен столб во функционирањето на Еурофарм Пелистер, клуб кој со години е заштитен знак на градот.

„Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа. Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим. Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер“, се вели во соопштението од клубот.

Како што вели претседателот на клубот Зоран Стерјев, кон платформата очекуваат да се приклучат и други стопански субјекти.

„Оваа платформа можеби ќе биде малку поразлична, од аспект што и досега беше платформа на обединување, меѓутоа овој период покажа дека тоа обединување станува уште поголемо. Кон платформата очекуваме дека ќе се приклучат и други стопански субјекти кои што веќе го најавуваат своето присуство на платформата и тоа е она што посебно радува, што платформата и со својата успешност покажа, докажа дека тоа е патот кој треба да го трасираме и патот по кој што треба да се движиме за успех и во спортот и во градот“ рече претседателот на клубот Зоран Стерјев.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски истакна дека продолжувањето на платформата значи многу за градот, за спортот, за навивачите, за ракометот…

„Нема поголемо задоволство и чест заедно да продолжиме една успешна платформа која во изминатите шест години во три наврати ја продолжуваме. Отвараме нов период на обострано задоволство. Јас секаде тоа го потенцирам дека ова треба да биде мотив за сите како треба спортот, бизнисот, градот да опстојуваат заедно во една платформа. Голема благодарност и за поддршката од спортската јавност, на новинарите, на медиумите, на граѓаните на Битола, секако и на „Чкембарите“. Сите задоволни да продолжиме во еден многу светол период со истите и поголеми амбиции понатаму, во периодот кој ќе отвори нови врати на ракометот. Овој спортски храм треба да живее и натаму. Знаете дека имаме иницијативи и огромни вложувања во спортот, така што резултатите се видливи и ќе бидат уште подобри“, рече градоначалникот Коњановски.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!