Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголемува!

Сподели
Сподели

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголемува, ако две екипи беа отпишани и математички за неколку кола ќе бидат третолигаши, истата сега се зголемува со неколку третолигаши кои веќе теоретски остануваат без шанса за директен опстанок, имаат надеж само за бараж, но и тоа ќе биде тешко.

Големо Коњари и Слога Виница со епизодна улога од следна сезона ќе се преселат во Трета лига, двете екипи беа инфериорни и без посериозен пристап да се борат за опстанок во второлигашката конкуренција. Веќе Победа станува „отпишана“, од меч во меч прилепчани со „скрпениот“ тим нижат големи порази и сега се на 14. место со 11 бодови на дури минус 22 бода од зоната за директен опстанок, а на минус десет од бараж зоната. Но, Победа загуби од Македонска Каменица тим кој е конкурент за баражот што се потврдува дека Победа нема капацитет да води битка да фати бараж.

На тенок конец висат Вардар Неготино и Преспа, особено тимот од Неготино. Двете екипи со по 12 бодови го делат 12-тото место. Вардар Неготино тргна катастрофално со три порази од толку меча, а пак Преспа забележа една пролетна победа и тоа дава надеж. Ако се погледнат ростерите на овие две екипи, тогаш второлигашот од Ресен е подобар и поискусен.

Двете екипи имаат минус девет бода од бараж зоната односно од десеттото место кое го делат Каменица Саса и Тетекс со по 21 бод, а пак од Кожуф кој е деветти бодовната разлика е 14 бодови.

Преспа веќе овој викенд ќе има вистински тест на домашен терен против Кожуф, а пак Вардар Неготино ќе биде на тест против Каменица Саса во гости. Ако Преспа и Вардар Неготино не забележат позитивни резултати извесно е дека овие две екипи ќе направат чекор назад и пополека ќе се помират со фактот дека ќе испаѓаат, со победи ќе имаат и тек како голема надеж за бараж за опстанок.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 18 12 4 2 39 11 +28 40
2 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 18 12 3 3 30 12 +18 39
3 🔼 ФК СКОПЈЕ АД 18 12 2 4 39 17 +22 38
4 🔽 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 18 11 4 3 38 12 +26 37
5 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 18 11 3 4 33 12 +21 36
6 ➖ ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 18 10 5 3 33 11 +22 35
7 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 18 11 1 6 37 16 +21 34
8 ➖ ГФК ОСОГОВО 18 10 3 5 26 13 +13 33
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 18 6 8 4 22 13 +9 26
10 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 18 5 6 7 36 33 +3 21
11 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 18 6 3 9 29 30 -1 21
12 🔼 ФК ПРЕСПА 18 4 0 14 22 43 -21 12
13 🔽 ГФК ВАРДАР Неготино 18 3 3 12 23 57 -34 12
14 ➖ ФК ПОБЕДА АД 18 3 2 13 13 49 -36 11
15 ➖ ФК СЛОГА 1934 18 2 2 14 17 44 -27 8
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 18 1 1 16 10 74 -64 4

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!