Втора лигаФудбал

Кој доби, а кој загуби во 18. коло на Втора лига?

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Ако се погледне табелата во Втората лига тогаш едно е сигурно – ќе има „пеколна“ пролет за тоа кој директно да влезе во Прва лига, а кои две екипи да играат бараж за можен влез во елитата. Вонредното 18. коло можеби не донесе многу промени на табелата од аспект да промени на позициите на екипите, но направи да екипите се многу блиски бодовна една од друга, што значи дека веќе во сабота во рамки на 19. коло, еден „кикс“ на било кој во топ осум зоната може да го однесе на врвот, но може и да го спушти на самата табела.

Скопје доби најмногу од последното одиграно коло, „пиратите“ од Автокоманда славеа над Шкендија Арачиново во директна дерби пресметка и се искачија на 4. место со 38 бодови, само два бода помалку од лидерот Охрид, кој пак загуби од Осогово и со тоа растат апетитите на „жетварите“ за висок пласман.

Брегалница ништо не искористи, одигра 0:0 против Тетекс и падна на четвртото место со 37 бодови, ако е за утеха, штипјани не загубија, бидејќи, па така можеа да бидат и петти на табелата.

Новаци и Детонит Плачковица имаат фантастичен старт во пролетниот дел и сега имаат амбиции за бараж за Прва лига. Новаци е на дури четири бода негатива од Охрид, а Детонит Плачковица минус пет, па сега ќе биде вистинска „војна“ на секој меч.

Беласица успеа да го добие „фенерџијата“ Големо Коњари за да ги заборави поразите, па сега е седма, а пак Осогово кој е осми има 33 бодови со седум негатива од првото место, а со пет негатива од третото место или бараж зоната за ПМФЛ, па сега и „жетварите“ се во игра за горниот дел.

Во топ осум зоната има само една промена која се случи во однос меѓу 17-тото и 18-тото коло, Скопје ја скокна Брегалница и сега е трет, а „сините“ сега се четврти.



Во бараж зоната нема промени – Кожуф е деветти со 26 бодови, Каменица Саса е десетта со 21 бод, колку што има и Тетекс кој е место подолу. „Рударите“ имаа можност за три бода во Гевгелија каде двапати водеа против Кожуф, па домаќинот во два наврати се спасуваше од пораз.

Во зоната за директно испаѓање има една промена – Преспа сега се искачи на 12. место со 12 бодови, колку што им и Вардар Неготино, кој сега е место подолу. Победа е на 14. место со 11 бодови, а пак на претпоследното место е Слога од Виница со осум бодови, на дното е Големо Коњари со четири бодови.



За разлика од битката за влез во Прва лига, во долните дел веќе многу работи се јасни.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 18 12 4 2 39 11 +28 40
2 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 18 12 3 3 30 12 +18 39
3 🔼 ФК СКОПЈЕ АД 18 12 2 4 39 17 +22 38
4 🔽 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 18 11 4 3 38 12 +26 37
5 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 18 11 3 4 33 12 +21 36
6 ➖ ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 18 10 5 3 33 11 +22 35
7 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 18 11 1 6 37 16 +21 34
8 ➖ ГФК ОСОГОВО 18 10 3 5 26 13 +13 33
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 18 6 8 4 22 13 +9 26
10 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 18 5 6 7 36 33 +3 21
11 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 18 6 3 9 29 30 -1 21
12 🔼 ФК ПРЕСПА 18 4 0 14 22 43 -21 12
13 🔽 ГФК ВАРДАР Неготино 18 3 3 12 23 57 -34 12
14 ➖ ФК ПОБЕДА АД 18 3 2 13 13 49 -36 11
15 ➖ ФК СЛОГА 1934 18 2 2 14 17 44 -27 8
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 18 1 1 16 10 74 -64 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!