Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија испушти голема шанса во Белгија – драматичен пораз во финишот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа од гостувањето кај Белгија со горчлив пораз од 26-25 во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Избраничките на Кристијан Грчевски имаа контрола во најголемиот дел од натпреварот, но падот во клучните моменти ги остави без први бодови во групата.

Македонките отворија сигурно и со цврста одбрана и трпелив напад неколкупати создадоа предност од три гола разлика. Во првото полувреме одржуваа ритам и диктираа темпо, но домаќинките успеаја да намалат пред паузата и на одмор се замина со минимална разлика.

Во вториот дел Македонија повторно ја презеде иницијативата. Со неколку одлични интервенции на голманката Илиќ и голови од контранапад, нашата селекција стигна и до највисоки „плус четири“ (18-14). Токму во тие моменти се чинеше дека натпреварот оди во посакувана насока, но следуваше неколкуминутен празен од во нападот што Белгијките го искористија со серија од четири погодоци за израмнување.

До самиот финиш се играше гол за гол. На пет минути пред крајот резултатот беше изедначен, а домаќинките првпат поведоа дури во 56. минута. Македонија возврати преку крилната позиција за ново реми, но во последните две минути Белгија повторно дојде до минимална предност. Во завршниот напад нашите ракометарки не успеаја да го реализираат последниот шут и бодовите останаа во Хаселт.

Најефикасна во македонскиот табор беше Јована Кипријановска со седум гола, додека сестрите Јанкуловски и Ивана Гакидова дадоа значаен придонес. Сепак, одбраната немаше решение за расположената Муниа Смитс, која постигна 11 погодоци за белгискиот состав.

Со третиот пораз во квалификациите, Македонија останува без бод и ќе мора да бара реванш на домашен терен во следниот меѓусебен дуел, каде победа ќе биде императив за да се задржат шансите за пласман на континенталниот шампионат.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Познати термините за баражот на Македонија против Кипар

По жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Берокал го објави списокот на кошаркари за дуелот со Кипар

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија против Кипар во баражот за опстанок во Б Лигата на нации

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!