Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново со службени три бода од мечот со Рудар!

Сподели
Сподели

Како што ексклузивно објави Спортска Мрежа пред неколку дена, Рудар не допатува во Турново за да го одигра мечот од 11. коло на Трета лига – Исток против Хоризонт.

Овој меч беше од последното есенско коло кое беше договорено да се одигра изминатиот викенд односно пред стартот на пролетниот дел.

Тимот од Пробиштип испратил известување до раководството на Трета лига – Исток дека нема да допатува, а со тоа натпреварот е регистриран со службени 3:0 за Хоризонт Турново, а со тоа некогашниот прволигаш добива и службени три бодови.

Останува да видиме дали ќе има и некакви дополнителни санкции за третолигашот од Пробиштип, а останува отворено и прашањето како Рудар ќе изгледа бидејќи многу работи не се познати, околу играчи кадар и слично, бидејќи немаше ниту официјални информации околу зимските подготовки и пријателски натпревари.



Овој викенд ќе започне пролетниот дел од Трета лига – Исток со натпреварите од 12. коло.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!