Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Брегалница се жали за судењето во Тетово: Драстично сме оштетени!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница одигра 0:0 на денешниот меч со Тетекс во Тетово во меч од 18. коло на Втората лига, па со тоа се спушти на четвртото место на табелата.

По натпреварот штипјани излегоа со соопштение и со видеа со кои како што тврдат биле оштетени од страна на судиите.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА БРЕГАЛНИЦА И ВИДЕАТА ОД СПОРНИ МОМЕНТИ СПОРЕД ТВРДЕЊАТА НА КЛУБОТ:

„ФК БРЕГАЛНИЦА ДЕНЕС Е ДРАСТИЧНО ОШТЕТЕНА!
Во текот на првенството досега никогаш јавно се немаме пожалено на ниту една одлука, но денес судијата Боби Величков имаше една цел – по секоја цена Брегалница да не си оди од Тетово со победа.
1) Во 10′ при прием на топка од страна на Аљбан Мемеди и потенцијална шанса за Брегалница, судијата суди фаул за домаќините.
2) Во 68′ при пробив на Стефан Коцев, нашиот играч грубо е повлечен за дрес, навидум чист жолт картон. Судијата не досуди ниту фаул за Брегалница.
3) Во 85′ чист пенал над Стефан Коцев (видео). Судијата Величков повторно остана нем!
4) На мечот имаше 10 измени во второто полувреме и 8-10минутен прекин при повреда на Виктор Серафимовски, каде што амбулантното возило мораше да влезе на терен. Судијата Величков го продолжи мечот со САМО 5 МИНУТИ!
!!! Натпреварот се играше со 1 (една) топка, при секој прекин, времето одминуваше, а часовникот на Величков уште побргу вртеше!!!
Натпреварот иако заврши 0:0, сепак на крај имаше победник, тоа беше главниот судија Боби Величков“, се вели во соопштението на ФК Брегалница од Штип.







Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки...

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!