Прва лигаФудбал

Судискиот извештај со негативна оценка за натпреварот од ПМФЛ Струга – Вардар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Судењето на натпреварот од ПМФЛ  ФК Струга Трим Лум – ФК Вардар е оценето негативно од страна на контролорот Горан Спиркоски, со посочени неколку клучни моменти кои влијаеле врз развојот на играта и создале нервоза на теренот, но без директно влијание врз конечниот резултат на натпреварот.

 Главниот судија на натпреварот  Фуркан Идризи во 14. минута не досудил очигледен прекршок надвор од казнениот простор врз гостинскиот напаѓач, по што играта била продолжена со судиска топка.

Дополнително, во 43. минута пропуштен е јасен жолт картон за домашниот играч (бр. 17) поради преостар прекршок во пределот на лицето на противнички играч. Во 70. минута, пак, гостинскиот фудбалер (бр. 8) добил погрешен жолт картон за наводна симулација, иако во дуелот се здобил со повреда, по што беше и заменет.

Клучниот момент се случил во 80. минута, кога првиот помошен судија сигнализирал офсајд и бил поништен гол за домашната екипа. По ВАР-интервенција било утврдено дека погодокот е регуларен. Сепак, ВАР-комуникацијата била конфузна и предизвикала дополнителни реакции од играчите на теренот.

Дополнително, не било доследно применето правилото „само капитен“ при објаснување на спорните одлуки, а надополнувањето на изгубеното време од само три минути во второто полувреме било недоволно.

Четвртиот судија Александар  Урошевиќ не ги исполнил своите должности и одговорности во целост и направил технички пропуст уште пред почетокот на натпреварот, дозволувајќи несогласување помеѓу внесените броеви во записникот и бројот на дрес на еден играч, нешто што е крајно несериозно и недозволиво не само за овој, туку за кој било ранг на натпревари.

Стојанов Стојанче, кој ја извршувал должноста на ВАР-судија, исто така е негативно оценет. Иако неговиот конечен совет за фактичката одлука , со која беше потврден регуларниот гол за домашната екипа, бил правилен, сепак конфузната и нејасна комуникација при спроведувањето на ВАР-протоколот во клучна ситуација мора целосно да биде во согласност со пропишаниот протокол и ПФИ.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот...

ФудбалФутсал

Вечерва Кочани слави голема победа: Фудбал Старс Ауто Велт со 12 гола со сруши лидерот Каршиака, Балкан го освои Штип

Лидерот во Втората футсал лига вечерва го доживеа првиот сезонски пораз откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!